Заедничката експертиза на новите членови на Одборот на директори на ОКТА е наменета да go поддржи моменталниот начин на функционирање на компанијата.
Николаос Скандалис и Jоанис Розис се новите членови на Одборот на директори на ОКТА.
Скандалис, кој воедно е поставен за Претседател на Одборот на директори, e главен на Оперативните активности на рафинеријата во Хеленик Петролеум Групацијата со долгогодишно искуство на високи менаџерски позиции. Розис е одговорен за сите нафтени инсталации во малопродажниот сектор на Хеленик Петролеум Групацијата.
Двајцата нови членови, се очекува да дадат дополнителна вредност на работењето и стратегијата на ОКТА, со оглед на тоа што нивната заедничка експертиза кореспондира на моменталниот начин на функционирање на ОКТА.
Новите членови доаѓаат на местото на досегашните членови на Одборот на директори, Сарантос Кириакопоулос кој замина во пензија и Христос Ѕолас кој и понатаму останува во Хеленик Петролеум Групацијата.
Имињата ( мандатот) на новите членови треба да бидат потврдени на следното Собрание на акционери.