Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде амбасадор на францускиот производител на автомобили „Пежо“ во следните три години.
Со овој договор ѕвездата на машкиот тенис треба да му помогне на францускиот производител на автомобили да ја врати славата и да се пробие на азискиот пазар.
„Пежо“ е меѓу партнерите на „Ролан Гарос“, а Ѓоковиќ ќе сними специјална реклама во пресрет на турнирот.
Покрај тоа Србинот ќе го носи логото на „Пежо“ на левиот ракав на својата спортска опрема, на сите натпреварувања во кои тој ќе учествува.