Македонско-бугарска бизнис средба на претставници од малите и средни претпријатија од областа на туризмот, се одржа синоќа во Гевгелија.
На средбата учествуваа по 20-тина бизнисмени од општините Гевгелија и Гоце Делчев, Бугарија. Средбата е дел од проект финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија,што заеднички го реализираат Фондацијата за локален развој на Гевгелија „Флорит“ и Центарот за претприемништво од Гоце Делчев.
– Во изминатава една година покажавме дека преку пренос и размена на знаења од областа на туризмот ја стимулираме прекуграничната соработка,но исто така вршиме и промоција на
регионот како атрактивна туристичка дестинација.
Се надевам дека развојот и диверзификацијата на туристичката понуда и продукти од двете страни ќе се унапреди и постепено развива во согласност со европските стандарди, истакна Ристо Атанасовски, директор на фондацијата „Флорит“.
Средбата заврши со потпишување Меморандум за разбирање меѓумалите и средни претпријатија од областа на туризмот од Гевгелија и Гоце Делчев.