Постои голема веројатност за ограничувања на електричната енергија во делови од Европската унија во блиска иднина, тврди австриската министерка за одбрана Клаудија Танер.
-Мора да се подготвиме за прекини на струја во Австрија и Европа, предупреди таа.
Министерката Танер во интервју за германски Велт изјави дека очекува наскоро да има големи прекини во снабдувањето со електрична енергија на територијата на Европската унија, пренесува Клајн Цајтунг.
– Не е прашање дали, прашање е кога ќе се случи, рече Танер.
Таа нагласи дека ризикот од широко распространети прекини на струја е значително зголемен поради војната во Украина.
-За Путин, хакерските напади врз снабдувањето со електрична енергија на Западот се средство за хибридна војна. Не треба да се преправаме дека ова е само теорија. Мора да се подготвиме за прекини на струја во Австрија и Европа, рече Танеро.