26 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКорисниците во Европа ќе можат сами да го поправаат својот „iPhone“

Корисниците во Европа ќе можат сами да го поправаат својот „iPhone“

Пред извесно време, Apple ја претстави програмата „Self service repair“. Оваа програма, како што кажува нејзиното име, им дава можност на корисниците на производите на „Apple“ сами да ги сервисираат своите уреди, без потреба да ги носат во сервисен центар.

Оваа програма сега е достапна и во некои земји на Стариот континент. Поточно, услугата сега е достапна во Белгија, Франција, Германија, Италија, Полска, Шпанија, Шведска и Велика Британија и им овозможува на корисниците во тие региони сами да ги поправаат своите уреди.

Самата програма во Европа опфаќа неколку серии и тоа – „iPhone 12“, „iPhone 13“, како и телефонот „iPhone SE“ (2022), но не и најновата серија „iPhone 14“. Исто така, се поддржани „Mac“ компјутерите со „Apple“ чипови, но не и најновиот „M2 MacBook Air“. Сепак, се очекува дека програмата наскоро ќе ги вклучи најновите уреди.

Цените на резервните делови во Германија се движат од 77 евра за замена на батерија на „iPhone 13“ до 330 евра за пакет за замена на екранот. Истите делови чинат 70 фунти или 282 фунти во Велика Британија. На корисниците кои ќе го вратат истрошениот или скршен дел на „Apple“ ќе им се припише одреден дел со што цената на пакетот ќе биде пониска.

Сензорот за екранот и капакот за „MacBook Pro 14“ чинат 734 евра во Германија, додека почетната матична плоча со 16 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија чини 959 евра.

Изнајмувањето на комплет алатки за поправка на „iPhone“ и „MacBook“ уреди чини 59,95 евра за период од 7 дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП