19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРуска водителка за погребот на Елизабета: Требаше да фрлиме нуклеарка, сите се...

Руска водителка за погребот на Елизабета: Требаше да фрлиме нуклеарка, сите се таму

Човекот на Путин, Андреј Гуруљов, член на Комитетот за одбрана на рускиот парламент и член на руската Дума, отворено се закани со нуклеарен напад врз Британија и Германија.

Тој прво се повика на зборовите на Бајден. „Дали тој вели дека можеме да користиме нуклеарно оружје во Украина? Да, би можеле да користиме нуклеарно оружје, но секако не во Украина. Сè уште треба да живееме таму“, рече тој.

Потоа и се закани на Германија. „Среќен, добро нахранет „германски бургер“, чија задна страна веќе почнува да се замрзнува пред претстојната зима. Тој треба да разбере дека ако сакаме да користиме нуклеарно оружје, главниот центар за одлучување е Берлин“.

Тој додаде дека освен со замрзнување, ќе се соочат и со уништување. Зборувајќи за НАТО, тој тогаш рече дека Русија е способна за три минути да ги претвори Британските острови во пустина.

Водителката: Денеска требаше да фрлиме бомба врз Британија

Колумнистката на „Дејли бист“ и аналитичарка на руските медиуми Џулија Дејвис, која вчера објави клип од шоуто, сега објави и клип од новата емисија. И се зборуваше за нуклеарен напад, а Гуруљов повторно беше гостин.

Водителката Олга Скабеева рече дека Русија требаше да изврши нуклеарен напад во понеделникот бидејќи многу важни луѓе присуствуваа на погребот на кралицата“, напиша Дејвис.

Имаме голем број цели, Рамштајн е една добра цел“, рече тој, мислејќи на воената база во Германија каде често се одржуваат состаноци на членките на НАТО.

„Но, тоа може да почека. Зошто би ги бомбардирале Украина или Германија кога Британија е таму, коренот на сето зло, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП