Украинската државна компанија за атомска енергија Енергоатом денеска соопшти дека руската армија ја нападнала нуклеарната централа Јужноукраинска во јужниот регион Николаев.
Енергоатом наведува дека реакторите не се оштетени и работат нормално, пренесе „Ројтерс“.
Експлозијата се случила на околу 300 метри од реакторот, но, како што се додава, оштетени се околните згради на електраната, позната и како Пивденоукраинска. Во нападот е оштетена и блиската хидроцентрала и далноводи.