19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото забележа најголем пад како валута за меѓународни плаќања од 2011-та

Еврото забележа најголем пад како валута за меѓународни плаќања од 2011-та

Еврото се помалку се користи за меѓународните плаќања. Во март, учеството на единствената валута во глобалните деловни трансакции го означи најголемиот пад на процентните поени во повеќе од една деценија во услови на инфлација и војната во Украина, што ја одзеде нејзината атрактивност.

Во меѓувреме, американскиот долар го задржа првото место десетти последователен месец, продолжувајќи да биде лидер во глобалниот монетарен систем во поголемиот дел од времето од 2013-та година. Ова го покажуваат податоците од меѓународниот платен систем „SWIFT“, цитиран од „Bloomberg“.

Плаќањата во евра паднаа на 35,4% од пазарниот удел, што е најниско од првите месеци на пандемијата, покажуваат податоците. „SWIFT“ опслужува над 11.000 финансиски институции и 200 земји.

Геополитичката несигурност и глобалната инфлација ги поттикнаа деловните трансакции деноминирани во долари. Минатиот месец американската валута повторно беше најкористена за плаќања, зголемувајќи го својот удел на 41,1% од трансакциите на „SWIFT“. Ова е воедно најголем удел од април 2020-та година.

И покрај депрецијацијата на јапонската валута, чија цена го достигна најниското ниво во последните 20 месеци во однос на американскиот долар овој месец, јенот го зголеми своето учество како валута што се користи на 2,8% од плаќањата. Ова е нејзин најголем удел од октомври. Австралискиот долар благо падна.

Во меѓувреме, уделот на кинескиот јуан падна на најниско ниво од ноември, додека економијата на земјата и понатаму е сериозно погодена од новиот бран коронавирусот и последователните затворања на населението во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП