Меѓународните резерви на Русија за само една недела од 17 до 24 јули се зголемиле за 1,5 проценти (8,7 милијарди долари), и сега изнесуваат 582,7 милијарди долари.
Ова се наведува во документите на Централната банка, а забележуваат дека до растот дошло под влијание на порастот на цената на златото.
Меѓународните резерви се состојат од високо ликвидни странски средства со кои располага Централната банка и Владата на Русија – од странски валути до монетарно злато.
Потсетуваме, на 27 јули на берзата во Јоханесбург цената на златото достигна рекордна вредност – 1945 долари за унца. Експертите ваквиот раст го објаснија со проблемите на доларот поради тензиите помеѓу САД и Кина, како и зголемувањето на бројот на заразени со COVID-19 во светот.