Исландската композиторка Хилдур Гуднадотир (37) е авторка на музиката за филмот „Џокер“. Таа живее тивок и мирен живот во Берлин, но веќе почна да се појавува на црвените килими по добивањето на САГ-наградата за најдобра филмска музика.
Таа е фаворит за „Оскар“ за филмска музика и може да биде првата жена композитор што ќе го добие ова признание, кое како категорија е воведено на „Оскарите“ во 1947 година.