Меѓународната рејтинг агенција „Fitch“ го зголеми долгорочниот рејтинг на Кипар во националната валута од ниво од „RD“ (ограничен банкрот) на ниво „CCC“.
Тоа на средината на неделата го направи и агенцијата „Standard & Poor`s“, што укажува на способност на земјата да ги отплати своите долгови.
„Fitch“ соопшти дека долгорочниот рејтинг во странска валута е потврден на ниво „B-“ со „негативна прогноза“.
Краткорочниот рејтинг на Кипар, „Fitch“ го потврди на нивото од „B“, а плафонот за рејтинг на другите субјекти во таа земја, исто така на ниво од „B“.
На средината од минатата недела и рејтинг агенцијата „Standard &Poor`s“ го зголеми долгорочниот рејтинг на Кипар во странска и национална валута од ограничен банкрот на „CCC+“