Македонија од 1990 година бележи стапка на економски раст од 31 проценти, Србија негативни 11 проценти, Црна Гора 70 проценти, Хрватска напредувала 58, Словенија 98, а Турција неверојатни 239 проценти.
Споменатите информации ги објави Сонер Кагаптај, познат турски политички аналитичар со американска адреса. Кагаптај го следел периодот од 38 години кој е особено интересен од турска перспектива, почетна стагнација па последователен раст и реформи.
Во контекст на земјите од поранешна Југославија приказот е индикативен бидејќи го опфаќа периодот кој започнува пред распадот на СФРЈ и војната, па последователниот економски колапс на некои од денешните држави е јасно евидентен.
Economic growth in southeastern Europe between 1990 and 2018 pic.twitter.com/m3ygBIedSh
— Soner Cagaptay (@SonerCagaptay) September 18, 2019
Сонер Кагаптај е турско-американски политички научник и директор на турската програма за истражување при Институтот за политика за Блискиот исток во Вашингтон.
По професија е историчар и експерт за односи меѓу Турција и Соединетите држави, турска политика и турски национализам.