Швајцарија и оваа година го задржа приматот во поглед на иновациите, а зад неа следат Шведска, Велика Британија и Холандија.
На овогодинешната листа на Светската организација за интелектуална сопственост, најиновативните нации на двете првопласирани земји Швајцарија и Шведска убедливо ја однесоа победата врз основа на вреднување во 84 категории, пренесува агенцијата Франс Прес.
На третото место е Велика Британија, четврта е Холандија, а петта САД.
На шестото место се наоѓа Финска пред Хонг Конг, Сингапур, Данска и Ирска.
И покрај економската криза, иновативноста не е загрозена. Трошоците во однос на развојот го надминуваат нивото од 2008 година во речиси сите земји, а секторот за нови технологии и иновации се развива на сите локални нивоа.
Иновативните технологии се развиваат во светот и покрај кревкоста на светската економија и тоа благодарение на нивниот развој на локално ниво, кој сепак е во согласност со глобалната визија на пазарот и конкуренцијата.
Иако на листата за најиновативни нации главно доминираат земјите со поголеми приходи, се повеќе се застапени и земјите со средни и ниски приходи, како што е Кина која е на 35 место, потоа Костарика на 45 место и Индија и Сенегал кои ја делат 66-тата позиција.