Светската лига во ватерполо која се одржува во Белград се ближи кон својата завршница. Во текот на вчерашниот ден се одиграа четвртфиналните дуели по кои формирани се двојките за полуфиналето.
Во полуфиналната фаза денеска ќе играат:
Австралија – Србија (почеток 15 часот) и
Хрватска – Шпанија (почеток 16:45 часот).
Само освојувачот на трофејот ќе обезбеди учество на Олимиските игри во Токио следната година.