Светската здравствена организација во регистарот на болести го стави и “Burnout”, односно хроничен стрес на работното место, објавија денес европските медиуми.
Медицинските експерти дефинирале три димензии на таа болест: чувство на исцрпеност, растечко духовно дистанцирање или негативен став кон работата, се помал професионален ефект.
Се напоменува, исто така, дека дефиницијата Burnout се однесува само на работата, не и на другите области во животот.
Светската здравствена организација во својот регистар вовела уште некои болести, на пример, покрај игрите на среќа и дрогата и видео игрите се признати за потенцијален предизвикувач на зависност.