Јавниот сектор во Грција функционира забавено поради штрајкот на вработените против мерките за штедење, прв откако земјата во август излезе од осумгодишната финансиска контрола под покровителство на ЕУ и ММФ.
Синдикатот на јавниот сектор „Адеди“, кој претставува околу половина милион вработени, бара враќање на приходите на претходното ниво со укинување на намалувањето на платите и пензиите.
Штраjкот доаѓа пред состанокот на министрите за финансии од еврозоната на кој Атина очекува да добие зелено светло со цел да се отповика новото намалување на пензиите закажано за 1 јануари.
Земјата се надева дека ќе ги убеди своите партнери да ги напуштат ваквите позиции оправдувајќи го тоа со успесите во буџетот, но нејзините финансии и натаму се строго надгледувани со оглед на јавниот долг од приближно 180 отсто од БДП.
Според „Адеди“, платите на вработените биле намалени по редослед до 40 отсто, а кратењата во пензиите варираат меѓу 7 и 35 отсто.