28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуси, не е готово

Руси, не е готово

Работата на 15-от пакет санкции против Русија „ќе започне веднаш“, изјави денеска финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ што се одржа во Луксембург.

„Сигурна сум дека ќе можеме да ги ажурираме списоците на санкционирани субјекти“, рече Валтонен, пренесе Киев Индипендент.

Советот на ЕУ денеска ја усвои 14-тата рунда санкции против Русија, со цел да се справи со заобиколувањето на постоечките мерки и дополнително да го ограничи профитот на рускиот енергетски сектор.

Новиот пакет санкции вклучува рестриктивни мерки против 116 поединци и субјекти одговорни за активности кои го нарушуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, зголемувајќи го бројот на поединци и субјекти кои подлежат на рестриктивни мерки на вкупно повеќе од 2.200.

Новиот пакет санкции вклучува забрана за претовар на руски течен природен гас на територијата на ЕУ за понатамошна испорака до трети земји.

Валтонен рече дека преговорите за 14-от пакет санкции траеле долго, но дека опсегот на санкциите е многу широк.

Сите земји-членки на ЕУ имаа свои ставови, кои треба да се разгледаат, додаде таа.

„Го поздравувам 14-тиот пакет санкции, како и чекорите што ќе ги преземеме за да ѝ оневозможиме на Русија да ја користи својата флота во сенка во регионот на Балтичкото Море, или барем да ја отежниме (за Русија), истакна Валтонен.

И покрај претходните 13 рунди на санкции на ЕУ и дополнителни мерки од страна на САД и другите сојузници, руската економија остана неочекувано отпорна, пишува порталот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП