Партнерството помеѓу UEFA EURO и Gorenje започна на UEFA EURO 2020™, кога Gorenje стана официјален спонзор за прв пат. Партнерството поврзано со врвниот фудбал продолжува за време на UEFA EURO 2024™, а Gorenje е официјален партнер втор пат по ред.
Додека UEFA EURO 2024™ инспирира со неверојатни натпревари, врвна игра и поврзување на Европа, Gorenje инспирира со лесното користење на уредите повеќе од 74 години. Ова партнерство ја означува посветеноста на компанијата да ги поддржи врвните спортски настани во 2024 година, вклучително и EHF EURO 2024 за мажи и жени.
Спектаклот на врвниот фудбал, со најдобрите тимови на континентот, создава чувство на пријателство меѓу навивачите, и помага во надминување на границите и културните разлики. За време на турнирот, домаќинствата ширум Европа ќе бидат исполнети со навивачката енергија на натпреварите, додека семејствата и пријателите се собираат да бидат сведоци на возбудливите моменти на теренот.
Подготовката на оброци или модерно кажано, meal-preap, е еден од водечките трендови во модерните домаќинства. Сѐ што ви треба е рецепт и функционален фрижидер кој ви овозможува да складирате голем број јадења, но и да ја зачувате свежината и квалитетот на храната. Иако првите модели на фрижидери се создадени во далечната 400 година п.н.е., Gorenje, дел од Hisense Europe, носи иновативна, попаметна и поефикасна технологија во вашата кујна.
Постојат неколку начини да го извлечете максимумот од вашиот фрижидер и да обезбедите совршена свежина на храната, при што голема улога играат најнапредните технологии.
Играјте си со полиците!
Gorenje разви широк асортиман на модерни фрижидери прилагодени на вашите желби. Иако изборот на модел зависи од многу критериуми, side by side фрижидерот е тука да ве воодушеви. Практичната Convert FreshZone полица на овој кујнски херој се трансформира од замрзнувач во ладилник за само неколку секунди, зголемувајќи ја температурата од -2°C на +3°C.
Сѐ е свежо, без замрзнување
Заборавете на стравот од одмрзнување на замрзнувачот или ладилникот. Најновите технологии, како што е NoFrost Plus функцијата инсталирана во Gorenje фрижидерот, ја елиминира потребата од оваа мачна задача. Тајната е во интензивната циркулација на студениот воздух, кој ја отстранува влагата и од ладилникот и од замрзнувачот. Gorenje фрижидерите можат да се пофалат дека го прават животот уште поедноставен со препознавање на вашите навики, а досадното одмрзнување сега е минато. Интелигентниот систем AdaptTech ги препознава вашите навики и одржува постојана температура, без разлика колку често се отвора вратата. Фиоката Convert FreshZone може да се користи како фиока за риба и месо или како фиока за овошје и зеленчук, во зависност од вашите потреби.
Заштедете со новите модели
Старите модели на фрижидери понекогаш може да чинат многу повеќе од модерните апарати. Клучот е да ги прочитате ситните букви. На секоја етикета можете да најдете јасна и едноставна индикација за енергетската ефикасност. За да им го олесни процесот на своите потрошувачи, Gorenje разви инвертер-компресор вграден во Gorenje фрижидерот што го прави потивок, поиздржлив и поекономичен. Оваа равенка има само еден резултат – заштеда, и навистина функционира, заштедува и електрична енергија и пари. Кога купувате фрижидер, купувате стил, иновативност и квалитет. Сѐ е побрзо, поедноставно и поефикасно. Искористете ја фантастичната понуда и промоција на Gorenje која моментално е во тек и збогатете го вашиот дом со еден од фрижидерите пред почетокот следниот натпревар. Посетете ги продажните салони на Gorenje или веб-страницата на Gorenje Македонија и подобрете го вашиот дом со апарати за домаќинство кои многу ќе ви го олеснат секојдневието.