Компанијата „Coca-Cola HBC“ објави високи приходи во прва половина од годината, благодарејќи на невообичаеното топлото време и Светското првенство.
Според компанијата, нето-приходите за периодот од јануари до јуни изнесуваа 3,23 милијарди евра. Ова претставува зголемување од 6,4% на годишна основа, без да се земат предвид валутните ефекти.
Сепак, земајќи ги предвид валутните флуктуации, приходите се зголемуваат само 0,5%, објави „Ројтерс“.
Обемот на продажба или количината на продадени шишиња ја зголеми продажбата за 4,6%, а останатите 1,8 процентни поени од зголемувањето се должи на повисоките цени.
Од компанијата истакнаа и дека продолжуваат да забележуваат „добар напредок“ во однос на целите за 2020-та година, а очекувањата се да биде одбележана „уште една година на раст на приходите и подобрување на маргините“.
Споредбената заработувачка по акција се зголеми за 4,7% на 60 евро центи.
На крајот на јули компанијата за безалкохолни пијалоци „Coca-Cola“ го објави извештај за вториот квартал од кој стана јасно дека се надминати очекувањата на „Wall Street“ за продажба благодарение на успехот на нови верзии на „Diet Coke“ и побарувачката на брендот „Zero Sugar“.
Приходите од продажба на основниот бизнис со пијалаци се зголемија за 5% во вториот квартал, а како најголем е придонесот на „Diet Coke“, „Coke Zero“ и газираната вода.