Компанијата „Атико метро“ соопшти дека го ископале тунелот за подземната железница во Солун.
Компанијата додаде дека проектот е 60% завршен.
– Денес е голем ден за метрото во Солун. Завршувањето на копањето на тунелот нè доведува чекор поблиску до крајот на проектот – велат од компанијата, објави АНА.
Исто така се наведува дека со завршувањето на работите околу копањето на тунелот е завршен најскапиот и во исто време технички најкомплициран дел од солунското метро.