89% од девојките во светот добиваат основно образование, но само 77% завршуваат средно училиште, што во повеќето земји трае девет години. Во најсиромашните земји, две третини од девојчињата добиваат основно образование, а само една третина средно образование. Ова го покажува извештајот на Светската банка за цената за пропуштените можности на жените објавен на 11-ти јули.
Според извештајот поради ограниченото образовние, можности за девојките и бариерите пред завршувањето на 12-годишен курс на образование, светот како целина губи меѓу 15 илјади милијарди и 30 илјади милијарди долари од намалената продуктивност и профит. Неговите автори истакнуваат дека основното образование не е доволно и придобивките се ограничени.
Извештајот го оценува глобалното влијание на ограничените образовни можности.
Тој ги открива можностите кои образованието им ги дава на девојките, во шест области: приходи и животен стандард, бракови во детството и рано породување, наталитет и раст на населението, здравје, исхрана и благосостојба, посредување и донесување одлуки, социјален капитал и институции.
Во просек, жените со средно образование заработуваат речиси двојно повеќе во споредба со оние кои воопшто немаат образование.
Средно образование според авторите на извештајот е средство против раните бракови (пред 18-годишна возраст) и може да се елиминира ризикот од раѓање во детска возраст. На тој начин е можно да се управува со стапката на раѓање на глобално ниво и да се намали популацијата.
Во земјите во развој, средното образование на девојчињата ќе го зголеми нивното знаење за ХИВ/СИДА и нивната способност да прават автономни решенија за здравствена заштита. Тоа може да го подобри нивното физичко здравје, да го намали ризикот од семејно насилство, неисхранетост и морталитет кај децата под пет години.
Универзалното средно образование генерално може да ја подобри способноста на жените да донесуваат одлуки во нивните домаќинства и да ја зголемат нивната способност да го проценат квалитетот на основните услуги.
Другите придобивки вклучуваат можност жените да им помогнат на некој што има потреба, нивниот пристап до институциите и услугите.
Многу од овие бенефиции важат и за мажите и за жените. Но лишување на девојките од оваа можност е особено скапа поради односот помеѓу образованието, раните бракови и породувањата, како и ризиците кои тие ги создаваат за младите мајки и нивните деца.