Доколку мачите мака со вишок килограми, овие намирници претставуваат најдобриот избор за вас.
1. Бобичесто овошје. Богато е со влакна кои го продолжуваат чувството на ситост, а содржи малку калории. Исто така полно е со флавоноиди, кои поттикнуваат согорување на мастите.
2. Јајца. Полни се со протеини, па одлично ќе ја смират гладта во текот на денот.
3. Грчки јогурт. Има двојно повеќе протеини и половина помалку шеќер од обичниот јогурт.
4. Зелен и улонг чај. Кофеинот и катехините во овие чаеви го забрзуваат метаболизмот. Исто така се богати со антиоксиданси кои поттикнуваат согорување на масните наслаги.
5. Фстаци. Порција од 30 плодови содржи дури 6 грама протеини и само 100 калории.