Направете од својата бања единствен центар за релаксација и уживање со помош на кадите инспирирани од природата…
Овој современ мебел за бањи е направен од природни материјали кои вклучуваат камен, бронза, бамбус, бакар, железо и цврсто дрво.
Ќе направи вашата бања да изгледа луксузно и префинето и ќе ја претвори во ваш приватен спа центар во кој ќе можете да се опуштите по целодневната напорна работа, гужвите и бучавата.
Потонете во сонот во некоја од овие прекрасни кади и заборавете на своите грижи, барем на неколку моменти.
Кадите се потполно прилагодливи што се однесува на обликот и материјалот и делумно на бојата, за совршено да се вклопат во вашата бања и да ја направат поубава.
Доколку една од овие кади ја вклопите во ентериерот на вашата бања, оваа сигурно ќе стане најомилената просторија во вашата куќа, доколку веќе не е.