Најголемата компанија за производство на безалкохолни пијалаци, „Coca-Cola“, планира да произведе алкохолен пијалок за прв пат во својата 125-годишна историја, објави „ВВС“.
Потегот ја одразува желбата на компанијата да се искористи се поголемиот интерес кон „Chu-Hi“ – конзервирани и ароматизирани пијалаци, во кои има доза од локален алкохол наречен „shochu“. Производот е обично со јачина на алкохол помеѓу 3% и 8%.
Извршниот директор на „Coca-Cola“ во Јапонија рече дека овој потег е „скромен експеримент за одреден сегмент на нашиот пазар“.
„Досега не сме експериментирале во категоријата пијалоци со низок процент на алкохол, но тоа е пример за тоа како продолжуваме да ги испитуваме можностите надвор од нашите главни области“, рече Жорже Гардуно, претседател за Јапонија на „Coca-Cola“.
Малку е веројатно дека пијалакот ќе се продава надвор од Јапонија.
„Chu-Hi“ – кратенка за „shochu highbal“- кој се продава како алтернатива на пивото, што е особено популарно кај жените.
Јапонските големи компании за пијалоци, вклучувајќи ги „Kirin“, „Suntory“ и „Asahi“, имаат различни пијалоци и продолжуваат да експериментираат со стотици вкусови.
Фразата „алкопоп“ обично се поврзува со слатки, но алкохолни пијалоци, а во 90-тите години во Велика Британија се појавија слични брендови како „Hooch“, „Reef“, „Smirnoff Ice“ и „Bacardi Breezer“ станаа многу популарни.
Сепак, тие се критикувани за охрабрување на младите луѓе да пијат алкохол во големи количини, бидејќи тие се премногу лесни да се консумираат.