Австрискот огранок на Lufthansa денеска и утре ќе откаже од 140 до 570 летови поради состанокот на работниците во врска со спорот околу платите. Ваквата одлука за откажување на летовите се проценува дека ќе влијае на околу 10 илјади патници.
„Состаноците се организираат со цел работниците да бидат информирани за актуелните преговори за новиот колективен договор, како и за неприфатливата понуда на компанијата“, изјави портпаролот на синдикатот, Вида Јоханес Шварц.
Според него, компанијата понудила надомест за инфлација од 2,1 отсто и еднократка исплата од 1,4 отсто. Со оглед на тоа дека од 2012 година немало раст, синдикатот смета дека овој предлог е смешен.