Со локација на западниот брег на Израел, односно во Тел Авив, се наоѓа најексклузивното подрачје на оваа земја, како и реномираниот деловен и технолошки центар…
Ова е еден од најексклузивните области во предградието Кфар Смариху, каде што се наоѓа една прекрасна луксузна вила. Дo оваа новоизградена вила се доаѓа преку приватен пат и таа претставува се што сакате кога во е во прашање комфорот, приватноста и стилот.
Во неа се наоѓа многу пространа главна спална соба, со одвоена соба која е во својство на гардероба, а тука се и двете двојни спални соби, со свои приватни бањи и пространи ормари.
Врвните погодности кои ви ги нуди оваа вила се домашното кино, одвоеното сместување за персонал, многу простор за оставање на работи, подземен паркинг и феноменален бар со простор за скара.
Покрај тоа, тука се и приватната канцеларија и палубата за сончање со прекрасна градина и величенствен базен.