Турската авиокомпанија „Turkish Airlines“ оствари пораст на бројот на патници за 9,3 проценти во 2017 година во однос на претходната година.
Компанијата соопшти дека во периодот јануари-декември е забележан рекорден број на патници од 68,6 милиони.
Само во декември 2017 година се превезени 5,5 милиони патници, што е за 21,4 проценти повеќе во однос на истиот месец во 2016 година.
Пополнетоста на седиштата во минатата година изнесуваше 79,1 проценти, што е зголемување од 4,7 проценти во однос на 2016 година.
Приходите по патнички километар во декември 2017 година изнесуваа 11,2 милијарди долари што е пораст од 16,3 проценти во однос на декември 2016 година. Во периодот јануари-декември приходите по патнички километар пораснаа за 7,9 проценти и изнесуваа 136,9 милијарди долари.
Во текот на минатата година превезени се повеќе од 1,1 милион тони, што е за 25,5 проценти повеќе во однос на 2016 година.
Како што истакнуваат во „Turkish Airlines“, компанијата лета на вкупно 300 светски дестинации.
Според анкетата Skytrax, „Turkish Airlines“ е прогласена за најдобра авиокомпанија во Европа од 2011 до 2016 година.