Владата ја одржа својата редовна 44 седница со повеќе точки на дневниот ред од интерес на граѓаните.
На вчерашната седница беше разгледана и прифатена Одлуката од Управниот одбор на АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија во државна сопственост, со која се одобрува барањето за заем доставено од Македонски железници Транспорт АД Скопје.
На седницата министрите во Владата ја разгледаа и прифатија и одлуката на Управниот одбор на АД МЕПСО Скопје во државна сопственост, со која е одобрено барањето за заем од Македонски железници Транспорт АД Скопје. Со овие две одлуки, одобрени од страна на Владата, за Македонски железници Транспорт АД Скопје, се обезбедени финансиски средства за исплата на ноемвриската плата на ова акционерско друштво.