Ќе се дислоцираат трите галии од реката Вардар, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој потврди дека издал налог за да почне постапката за дислоцирање.
„Ги испитуваме позициите на сите три објекти и визави таа позиција ќе бидат донесени соодветни решенија. Галиите во Вардар се небезбедно решение за граѓаните на Скопје“, потенцира Шилегов.
Во врска со состојбата со депонијата „Дрисла“ и со шпекулациите дека таму се гори радиоактивен отпад, Шилегов побара трпение од скопјани и потсети дека помалку од еден месец е на функцијата градоначалник.
„Во текот на вчерашниот ден кажав уште малку трпение како град и како институции, набргу ќе излеземе со целосна анализа за состојбата во ‘Дрисла’“, додаде Шилегов.