Кина ќе го ограничи извозот на своите нафтени производи во Северна Кореја и ќе го забрани увозот на текстил, применувајќи ги санкциите од Советот за безбедност на Обединетите нации, соопшти кинеското Министерство за трговија, пренесува агенцијата АА.
Се додава дека одлуката за ограничување на продажбата на течен природен гас (LNG) за Северна Кореја ќе стапи на сила на 1 октомври, а забраната за увоз на тестилни производи на 10 декември.
Според наводите на Министерството, извозот на нафтени производи во Северна Кореја ќе изнесува два милиони барели годишно, започнувајќи од 1 јануари 2018 година.
Северна Кореја има мали ограничени количини на нафта кои може да ги експлоатира, но нема докази дека поседува резерви на нафта и други течности, според тврдењата на Управата за енергетски информации на САД.
Кина го покрива поголемиот дел од севернокорејсиот увоз на сирова нафта, а некои проценки говорат дека Пјонгјанг дневно увезува околу 10.000 барели нафта.