Две од најголемите кафулиња во Италија го зајакнуваат своето присуство во Милано, во близина на местото каде што следната година нивниот американски ривал „Starbucks“ ќе започне инвазија, пишува „Ројтерс“.
„Lavazza“ го отвори своето прво кафуле, недалеку од реновираниот плоштад од 19-тиот век, каде што „Starbucks“ ќе ја отвори својата прва италијанска продавница, „Reserve Roasteries“, нудејќи специјални кафиња и префинета храна.
Друг италијански бренд, „illycaffe“, отвори луксузно кафуле во близина на „Starbucks“ во мај, во пријатен двор на една од најбараните улици на Милано.
Двата италијански брендови ги негираа своите потези да одговорат на претстојното доаѓање на ривалот. Но, експертите се сомневаат дека ова не е случајност.
„„Lavazza“ и „illycaffe“ сакаат да покажат дека се таму кога ќе пристигне „Starbucks““, изјави Жан-Пол Гајард, кој го водеше „Nespresso“ 10 години пред да ја основа швајцарската компанија „Ethical Coffee Company“.
Битката кај Милано ја одразува глобалната конкуренција меѓу големите брендови кои се обидуваат да се здобијат од растечкиот пазар на луѓе кои се спремни да платат многу за квалитетно еспресо во близина на луксузните бутици.