Фудбалската репрезентација на Нов Зеланд го потврди учеството во интерконтиненталните квалификации за пласман на Светското првенство во Русија.
Нов Зеланд во двомечот за пласман во дополнителните квалификации беше подобар од Соломонските Острови. Откако пред четири дена на домашен терен победи со 6:1, во реваншот Соломонските Острови и Нов Зеланд одиграа 2.2.
Интерконтинеталните квалификации ќе се играат во ноември, а противник на Нов Зеланд ќе му биде селекцијата што ќе го освои петтото место во јужноамериканската квалификациска зона.
На три кола до крајот на квалификациите во Јужна Америка седум репрезентации може да завршат на петтата позиција бидејќи разликата помеѓу второпласираната Колумбија и осмопласираниот Еквадор е само пет бода.
Во конкуренција за петтото место се Колумбија (25 бода), Уругвај (24), Чиле (23), Аргентина (23), Перу (21), Парагвај (21), Еквадор (20).