Францускиот репрезентативец Блез Матуиди е најновото засилување за италијанскиот шампион Јувентус.
Сега веќе поранешниот играч на ПСЖ во Торино ги мина лекаските прегледи и потпиша тригодишен договор со „старата дама“.
Јувентус не објави колку издвоил за Матуиди, но според медиумите трансферот изнесува 20 милиони евра.
Матуиди има 30 години, за Франција има одиграно 58 натпревари, а со ПСЖ во последните пет години четири пати го освојуваше француското првенство.