Бразилскиот фудбалер Дани Алвес, како што пишуваат англиските медиуми, ја сменил одлуката да ја продолжи кариерата во Манчестер Сити. Според истите извори тој е во Париз каде треба да потпише двегодишен договор со ПСЖ.
Дани Алвес по истекот на едногодишниот договор со Јувентус стана слободен играч, беше желба на неколку тимови, а англиските медиуми најавуваа дека ќе пристигне во Манчестер Сити кај својот поранешен тренер Пеп Гвардиола.
Иако трансферот бил пред реализиција 34-годишниот Бразилец во последен момент ја сменил одлуката и со сопругата пристигнал во Париз, каде што според медиумите, треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа да потпише двегодишен договор со ПСЖ.