Акцијата на Алкалоид АД Скопје во понеделникот се најде на врвот со остварени 9,4 милиони денари или учество од над 47 отсто во вкупниот промет кој изнесуваше 20.062.236 денари.
Најголем раст на вредноста од 3,51 проценти со истргувани 13 акција по просечна цена од 2.700 денари забележа акцијата на Окта АД Скопје, а по неа се рангираше акцијата на ТТК Банка со раст од 2,90 отсто, и просечна цена од 780,00 денари.
Наспроти нив на листата на губитници се најдоа, во прв ред со најголем пад од (-30 отсто) акција на Арчелормитал (ХРМ), а по неа следеа акциите Арчелормитал (ЦРМ) со пад од (-16 проценти) и РЖ Услуги АД Скопје со пад од (-3,00 отсто).
Индексот МБИ-10 денот го заврши со раст од минимални 0,01 отсто, и изнесуваше 2.251,37 индексни поени, додека пак индексот на обврзниците беше во негатива за 0,22 проценти и изнесуавше 129,85 индексни поени.