Германскиот производител „Mercedes-Benz“ заврши со обликувањето на семејството „E-Class“, откако ја покажа и неговата отворена верзија – кабриолет со средни димензии.
Модификацијата „Mercedes-Benz E-Class Cabriolet“ порасна во димензиите во споредба со својот претходник. Должината на возилото е 4826 мм, а широчината е 1860 мм, што е соодветно со 123 и 74 мм повеќе од досега. Растојанието помеѓу двете оски се зголемило со 113 мм и достигнува 2873 мм, што доведува и до поголем простор за патниците на задните седишта.
Од гледна точка на дизајнот кабриолетот во практика на се разликува од порано прикажаното купе „E-Class“. Разликата е само во мекиот отстранлив покрив. Тој се отвора/затвора со едно притискање на копчето за помалку од 20 секунди, а возилото може да се движи со брзина до 48 км/ч. Самиот покрив е достапен во 4 бои – темно сина, црвена, црна и темно-кафеава.
Со доплата „Mercedes-Benz E-Class Cabriolet“ може да биде опремен со адаптивна суспензија со широк спектар на подесувања. Има и дополнителен систем „Dynamic Select“ (исто опција), при што возачот сам може да ги подесува сите системи на возилото.
Во опремата во кабината на кабриолетот влегуваат осветлување со диоди во 64 бои, а исто така различни варијанти на кожа, украсни елементи од дрво и метал, 12,3-инчен екран на допир на мултимедијалните системи и опционален инструмент панел.
За погодност и заштита на возачот и патниците се нудат системите „Aircap“ и „Airscarf“ кои ги штитат главите и вратовите за време на возењето.
Кабриолетот ќе биде опремен со 3.0-литарски бензински битурбо „V6“ мотор со моќност од 329 КС, кој се комбинира со 9-степен автоматски менувач „9G-Tronic“. Автомобилот ќе биде достапен како само со заден пренос, така и со систем за погон на сите четири тркала.