Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави денес дека договорот на Атина со кредиторите за дополнителните реформи во замена за финансиска помош е „чесен компромис“.
Ципрас изјави дека верува дека се отворени нови страници во односите на Грција со ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд ММФ по исплатата на помош во последните седум години и дека кредиторите прифатиле дека треба да го доведат до крај спроведувањето на мерките за штедење.
Грција и нејзините кредитори се договорија на почетокот на неделата за спроведување на дополнителни реформи во замена за воведување на некои даночни олеснувања.
Ципрас изјави дека очекува дека извештајот за спроведување на новиот договор ќе биде завршен до 20-ти март.
„Апсолутно сум уверен дека постигнавме чесен компромис. Прв пат во седум години договорено е да застанеме зад принципот на постојани мерки за штедење“, изјави грчкиот премиер.