Фудбалерите на Манчестер Сити го совладаа Борнмут со 2:0 во последниот натпревар од 25.коло во Премиерлигата и се вратија на второто место на табелата.
Сити не блескаше во Борнмут, но за разлика од домаќинот знаеше да ги искорсити своите шанси.
Рахим Стерлинг го постигна првиот гол во 30.минута, а потоа му асистираше на Кун Агуеро кој во 69 минута го постави конечниот резултат.
Агуеро во игра влезе во 15.минута поради повредата на Габриел Жесус, а интересно и менаџерот на Борнмут во првиот дел менуваше поради повреди и тоа двајца играчи Корк и Вилшир.
Сити со оваа победа се врати на второто место на табелата со осум бодови помалку од лидерот Челзи и два бода повеќе од Тотенхем и Арсенал кои се на позициите три и четири.