1. Секое утро сте очајни – Односно, секое утро сте исполнети со незадоволство кое ве спречува да продолжите да живеете.
2. Ви недостасува ентузијазам – Немате повеќе волја ниту желба работата да ја работите како претходно.
3. Компанијата полека тонe – Нема потреба и вие да потонете заедно со неа, скокнете и запливајте, без оглед колку морето е немирно.
4. Не ви се допаѓаат колегите, ниту претпоставените – најчесто велиме дека секогаш може да бидат решени некои проблеми и несогласувања, но понекогаш некои работи едноставно не можете да ги решите.
5. Непрекинато сте под стрес, размислувате негативно и несреќни сте – не можете да се сетите кога последен пат сте доживеале добар ден на работа, а штом се потсетите на работата веднаш станувате нервозни.
6. Стресот на работа влијае на вашето здравје – Сите знаеме дека стресот е еден од првите причинители на болестите, а здравјето секогаш е поважно од било која работа.
7. Не се вклопувате во политиката на компанијата и не и верувате на компанијата – постојат одредени етички и морални разлики меѓу вас и компанијата во која работите и не се сложувате со начинот на кој функционира таа.
8. Се полоши сте во работата – повеќе не сте продуктивни на работа.
9. Немате добра рамнотежа помеѓу животот и работата – вашето семејство страда поради вашата работа или обратно.
10. Се занемаруваат вашите способности – претпоставените не го почитуваат вашиот труд, дополнителната работа или не го искористуваат вашиот капацитет потполно.
11. Вашите деловни обврски се зголемиле или промениле, но платата сеуште е иста – некогаш за ова постојат одредени причини, како што е недостигот на финансиски средства во компанијата, но ако ова продолжи подолго од половина година, заминете си.
12. Вашите идеи не се земаат во предвид – ниту една ваша идеја не е дури ни сослушана, а не па прифатена.
13. Се досадувате и стагнирате – ако работата ви е досадна и заморна, не напредувате во ништо, заминете си.
14. Изложени сте на вербално или сексуално злоупотребување – За илегалните активности кои ви се направени треба да бидете повеќе од свесни, не го дозволувајте тоа.