Денеска е Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените, со што почнува глобалната кампања 16 дена активизам против родово базирано насилство.
Семејното насилство во Македонија е во постојан пораст, а во 90 проценти од случаите жртви се жените и децата.
25 ноември е Меѓународниот ден за елиминирање на насилство врз жените и почеток на кампањата „16 дена на активизам за спречување на насилството врз жени и девојчиња“, која ќе трае до 10 декември, односно Денот на човековите права.
Кампањата годинава е со мотото „Вклучи се, исклучи насилство“ и ќе опфати низа акции чија цел е да го обои светот во портокалово – да се стави крај на насилството против жените и девојчињата. Ќе се одржат бројни активности кои вклучуваат осветлување на Скопско Кале во портокалово, низа дебати со средношколци и студенти ширум земјата, како и поддршка од јавни личности од различни сфери.
Во рамките на кампањата, се повикуваат луѓето да го обојат светот во портокалова боја, како симбол за светла иднина за жените и девојчињата.