Судот во Русија во четврток ја потврди одлуката за забрана на социјалната мрежа LinkedIn заради кршење на законот за заштита на податоците на корисниците.
Градскиот суд во Москва ја одби жалбата на компанијата на пресудата на окружниот суд, во која се наведува дека та мрежа го прекршила законот кој предвидува податоците на руските државјани да се чуваат исклучиво на руските сервери.
Тужбата против популарната мрежа ја поднесе Федералната служба за надзор на комуникациите.
Сајтот на LinkedIn и натаму е достапен во Русија.