Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2016 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.38% или изразено во бројки вкупно 6.687 слободни работни места.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот З – Објекти за сместување и сервисни дејности со
храна и изнесува 3.66%, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација каде што изнесува 0.10%.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која
изнесува 1.88%.
Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.30%.
Најголем број на слободни работни места, односно 2398, има во петтата група на занимања – Работници во
услужни дејности и продажба.