За да растат мускулите, потребно им е гориво, а токму овој оброк ја има таа функција – да ги нахрани мускулите…
Состојки:
– 100 гр пилешки гради
– 2 супени лажици мешавина кинески зачини
– 150 гр мешавина смрзнат зеленчук
– 200 гр варен ориз
– 2 јајца
Подготовка:
Исецкајте го пилешкото и зачинете го. Пржете го околу 5 минути. Во меѓувреме сварете го зеленчукот, а претходно оризот. Во тавчето со пилешко, ставете го варениот ориз и изматените јајца, а на крај додадете го варениот зеленчук.
Нутритивна вредност:
Калории: 576
Протеини: 43 гр
Јаглени хидрати: 68 гр
Масти: 9 гр (2гр заситени)