Тотенхем остана во трката со Лестер за титулата во Премиерлигата, откако во 33.коло, го совлада Манчестер Јунајтед 3:0 (0:0).
Тимот на Маурисио Покетино го нокаутира противникот за само шест минути, во периодот од 70-та до 76-та минута мрежата на Де Хеа ја тресеа Али, Алдервеирелд и Ламела.
Интересно ова е прва победа на Тотенхем како домаќин на Јунајтед по цели 15 години.
На пет кола до крајот на првенството Лестер е лидер со 69 бодови, седум повеќе од Тотенхем, Арсенал со натпревар помалку има 59.