Толку многу информации се појавија за претстојниот смартфон од највисока класа на „Samsung“, така што едвај ќе има некакво изненадување кога моделот ќе се појави на пазарот.
Еван Блас, уште познат како @evleaks, ги резимира петте нови карактеристики на смартфонот, кои во најголема мера ќе ги израдуваат потрошувачите.
1. Враќање на водоотпорноста
Последица на широките очекувања дека следната генерација на „iPhone 7“ ќе е водоотпорен, од „Samsung“, најверојатно, ќе се погрижат да не заостануваат и ќе го вратат стандардот „IP67“ за отпорност на вода и прав, достапен кај моделот „S5“, кој недостасува кај моделот „S6“.
2. Пораст на капацитетот на батеријата
Новиот модел, кој се очекува да е со 5.2-инчен дисплеј, најверојатно ќе е со батерија со 20% поголема од онаа на неговиот претходник, смета уште специјалистот. Тоа значи дека е многу веројатно капацитетот да биде зголемен од 2.600 mAh кај моделот „S6“ до 3.600 mAh кај новиот модел. Од „Samsung“ сепак не се очекува да се вратат на варијанти со заменлива батерија.
3. Враќање на „проширување на меморијата“
Една од најголемите поплаки кај моделот „Galaxy S6“ беше недостатокот на слот за картичка за проширување на меморијата. Специјалистите очекуваат тоа да се промени кај новиот „Galaxy“ и неговата меморија да може да се прошири до 200 GB.
4. Промена кај камерата
Една од големите шпекулации меѓу стручњаците е дека „Samsung“ ќе се насочи кон намалување на бројот на мегапиксели на главната камера на новиот модел. Таа се очекува да е 12-мегапикселна, наспроти 16-мегапикселната кај моделот „S6“. Сепак значи дека компанијата ќе може да го искористи новиот супер брз објектив „f / 1.7“, кој ќе овозможува да се прават слики со многу висок квалитет во слабо осветлена средина.
5. Внатрешната меморија ќе е зголемена
Речиси е сигурно, според Блас, дека новите модели ќе се два – „Galaxy S7“ и „S7 Edge“, како и двата ќе се со 4 GB RAM меморија што е суштинско за подобрување на работата на оперативниот систем „Android“.