7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Сергеј Андреевски во Гостивар

Изложба на Сергеј Андреевски во Гостивар

sergej

Самостојна изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски ќе биде отворена во петок, во 19 часот, во галеријата КУЛТ во Гостивар.

Со овој настан што ќе го отвори неговиот колега и професор на Ликовната академија на Универзитетот во Тетово, Решат Амети, здружението на ликовни уметници од Гостивар „Драудакум” ја крунисува успешната година на организирање ликовни изложби на овие културни простори во земјава.

Поставката содржи 25 слики на платно, избор на најрепрезентативните дела од последните циклуси на Андреевски: „Птици“, „Цвеќулиња“ и „Кучиња“.

Амети, којшто е иницијатор на ова претставување и автор на текстот во каталогот, меѓу другото, пишува: „Колоритот на Сергеј Андреевски е богат и силен и циркулира низ целиот простор на платното, како вени кои оживуваат определени познати асоцијативни визуелности. Во целина, неговото сликарско дело има некоја привлечна магија,  како некоја невидлива  гравитациона визуелна сила која ги привлекува не само визуелната перцепција, туку и други духовни сетила, имагинации … Едноставно, силината на ликовниот уметник е во неговиот оригинален јазик, во неговото сопствено сликарско его и ликовна вистина, а вистината на сликарството на Сергеј е неговата оригинална сликарска моќ!“

Љубителите на уметност ќе можат да ја видат изложбата во следните две недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП