5 мај, 2024
ПочетнаДИЕТИЦитрусова диета

Цитрусова диета

8306_0

Цитрусовите овошја се познати по тоа дека ги топат масните наслаги и организмот го снабдуваат со исклучително потребниот витамин Ц. Диетата базирана на нив, ветува намалување на 3 килограми за 5 дена…

 

Секој ден:

Секое утро веднаш по будењето се пие сок од 1 лимон разреден со 150 мл вода.

Појадок: 1 интегрален двопек со урда, 1 чаша свежо цеден сок од цитруси по избор, 1 чаша јогурт со 3 лажици мусли и сок од половина лимон.

Ужина: 1 чаша јогурт со сок од половина лимон.

 

МЕНИ:

1 ден8306_1

Ручек: 1 варено јајце, таратор од половина канче кисело млеко со половина сецкана краставица, магдонос и црн пипер.

Вечера: 60 ​​гр варени макарони, 200 гр динстани печурки со соја сос и црн пипер.

 

2 ден

Ручек: 60 г варен ориз и 300 г динстани моркови, зачинети со 2 лажици сок од лимон, 1 лажичка масло, кромид и соја сос.

Вечера: салата од зелка, 2 варени компири, 1 портокал.

 

3 ден

Ручек: 120 г пилешко филе, печено на скара или во тефлон без масло, зачинето со лимонов сок, црн пипер и сол. 150 г компири и варен зеленчук по избор.

Вечера: 100 г варени компири и кромид, динстани во 2 лажици масло. Во истото масло се приготвува и 300 г пилешко филе без кожата. Кога ќе омекне, зеленчукот се враќа и се зачинува со 1 лажица сок од лимон, црн пипер, магдонос и сол.

 

4 ден

Ручек: 1 голем компир, варен или печен, се сече на половина и се гарнира со сос од 1 лажица павлака, 1 лажица јогурт, црн пипер и ситно исечкан лук и копар. Порцијата се дополнува со 2 парчиња пушено рибно филе.

Вечера: салата од 1 марула, краставица и 4-5 сардини. Салатата се зачинува со 1 мала лажица маслиново масло и 1 лажичка сок од лимон. 1 кришка препечен леб намачкан со урда.

 

5 денcitrusi-dieta

Ручек: 40 гр макарони, гарнирани со сос од 100 г обарено свинско филе, 2 лажици павлака, 1 лажица сок од лимон, црн пипер и босилек.

Вечера: салата од 150 г варени компири, 5-6 црни маслинки и кромид, зачинета со 1 лажица сок од лимон, 1 лажиче маслиново масло, црн пипер и сол, 1 двопек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП