2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПоетски портрет на Љерка Тот Наумова во ДПМ

Поетски портрет на Љерка Тот Наумова во ДПМ

knigi2

Денес, во Друштвото на писателите на Македонија, во 12 часот, ќе се одржи поетски портрет на Љерка Тот Наумова, по повод  40-годишнината од излегувањето на нејзината прва стихозбирка „Шепот на љубовта“ и објавувањето на најновото поетско остварување под наслов  „Зародиш на повикување“.

За творештвото на Љерка Тот Наумова ќе зборуваат проф. д-р Васил Дрвошанов и м-р Марина Мијаковска. Стихови ќе  чита Александра Велинова, а музичката придружба ќе биде на Миле Јовановски Поречанец.

Љерка Тот Наумова е член на ДПМ од 1991 година. Автор е на 15 стихозбирки. Нејзината поезија е преведувана на повеќе јазици, меѓу кои: англиски, турски, грчки, италијански, абански и влашки. Застапена е во неколку антологии на современата македонска поезија. Член е и на Друштвото на хрватските писатели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП