23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовак Ѓоковиќ, тениски крал

Новак Ѓоковиќ, тениски крал

novak-teniski-kral

Новак Ѓоковиќ, со титула на завршниот Мастерс, ја комплетираше својата најдобра сезона, а веројатно и најдобрата сезона во историјата на машкиот тенис. Ѓоковиќ, во финалето на Мастерсот во Лондон, славеше над Роџер Федерер со 2:0 (6:3, 6:4).

Ѓоковиќ на „О2“ арената во Лондон, го одигра своето 15-то финале во 2015 година и ја освои 11-та титула. Сезонава најдобриот светски тенисер освои три Грен слема, шест Мастерс турнири и еден турнир од серијата 500.

Србинот во Лондон стана првиот тенисер во историјата кој четири пати во низа го освоил завршниот Мастерс (вкупно има пет титули), додека Федерер остана на шест освоени титули на турнирот на кој учествуваат осуммината најдобри во сезоната.

Исто така, Ѓоковиќ му се реваншираше на Федерер за поразот во групата и во нивниот 44-ти меѓусебен дуел го израмни резултатот помеѓу нив двајца на 22-22.

Српскиот тенисер, во 2015 година, успеа да забележи 31 победа против играчите од Топ 10, што досега се нема случено во тениската историја.

Во финалниот меч, Ѓоковиќ одигра агресивно, храбро и доволно паметно за да го победи Федерер, кој за разлика од мечот во вторникот многу повеќе грешеше од својот противник. Таквиот пристап му донесе на Ѓоковиќ осум брејк шанси од кои искористи три, додека Федерер имаше две брејк можности, но ниту еднаш не успеа да му го одземе сервисот на противникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП