9 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромовирани нови 20 наслови од едицијата врвни светски дела

Промовирани нови 20 наслови од едицијата врвни светски дела

grujo-knigi

Нови дваесет наслови од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ кои се преведени и им се достапни на македонските читатели, беа промовирани во неделата во присуство на премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска.

Од споменатата нова бројка, дванаесет се дела со филозофска тематика, шест се од областа на историјата и девет книги од областа на психологијата. Со промовираните дваесет книги, досега со овој проект вкупно се преведени и издадени 50 наслови, а во декември ќе бидат промовирани уште триесет дела од владиниот капитален проект, информираа претставниците на Министерството за култура

Премиерот Никола Груевски на промоцијата во во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Музеј на Внатрешната македонска револуционерна организација, Музеј на жртвите на комунистичкиот, истакна дека изминативе години културата беше и остана еден од главните фокуси на Владата.

„Сиве изминати години, па и оваа 2015-та, како Влада бевме фокусирани на голем број полиња од значење на широк круг луѓе и интереси во Македонија. Се работеше многу во делот на економијата, во делот на бизнисот, привлекувањето на инвеститори, инфраструктурата, образованието, здравството, туризмот, земјоделството и многу други полиња. Културата, како посебно поле, во текот на целиот изминат период беше и остана еден од нашите главни фокуси. Останавме посветени на една богата и широка лепеза проекти во делот на културата. Еден од нив е и овој проект ‘Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа’. И натаму остануваме посветени“, рече Груевски.

Од своја страна, министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска потенцираше дека Македонија е една од ретките земји во светот која со исклучително внимание ја поддржува издавачката и литературната дејност.

„Во изминатиот период Владата на Република Македонија и Министерството за култура првпат реализираа капитални проекти, проекти со историско значење коишто го унапредија книжевниот, творечкиот, преведувачкиот и издавачкиот амбиент во Македонија, но и ја афирмираа македонската литература и творештво во меѓународни рамки“, рече министерката.

Канческа-Милевска истакна дека Министерството за култура континуирано издвојув завидни средства за проектите на приватните издавачки куќи, со особен акцент на поддршката за квалитетни дела од македонски автори, преводи на светски бестселери, дела на добитници на престижни признанија, и секако издавање на стручна литература која е од огромна полза во образовниот систем.

„Во тој контекст ќе го споменам и откупот на книги со кои се збогатува библиотечниот фонд во институциите во државата, но и стимулативната мерка за превод на дела на македонски автори од страна на странските издавачки куќи со која го афирмираме македонското творештво. Сиве овие проекти ги потврдуваат нашите заложби за што поголема достапност на македонската литература на национално и меѓународно ниво, како и побрза интеграција на македонската книжевност во светските современи текови“, дополни министерката за култура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП